Нови 1.600 стечајци ќе бидат обештетени

Повеќе од 1.600 стечајни работници на ниво на државата ќе бидат опфатени со дополната на Законот за стечајци, информираат надлежните од здружението УНИТ . Пратениците вчера го усвоија Предлог-законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминатна сопственост на државата, во скратена постапка, предложен од група пратеници. Со ова дополнување над 8.000 стечајни работници ќе бидат материјално обезбедени од државата до нивното пензионирање, вели Лилјана Георгиевска од УНИТ.

-Ова многу ќе значи за стечајците затоа што тие стечајни работници кои што ги исполнуваа сите други услови, а само заради волја, вина или пак самиот ја напуштил работата , пр. Монопол – работниците морале сами да ја напуштат работата заради здравствено осигурување или било која друга фирма, значи сега се се брише и самиот ако напуштил, ако добил отказ, спогодбено, се тоа се брише. Очекувам над 1.600 стечајни работници да бидат обештетени на ниво на државата, изјави Лилјана Георгиевска, Здружение на стечајни работници и технилошки вишок УНИТ

Невработени лица кои имаат право на материјален надомест се лица кои биле најмалку 15 години во работен однос во претпријатија со доминантна државна сопственост, што се поврзува од М1 и М2 образци, лица на кои работниот однос им престанал врз основа на стечај, ликвидација или технолошки вишок во претпријатието со доминантна сопстеност на државата, кои се приватизирале но задржале својот единствен матичен број согласно со закон, лица кои на денот на поднесување на барањето имаат 52 години за жени и 55 години за мажи. Се отстранува условот за лица кои по стекнување на право за материјален надомест биле вработени на неопределено време, а работниот однос им престанал или по одлука на работодавецот или по нивна одлука и вина, за да не бидат пречка стечајните работници да го остварат правото за материјален надомест.

Најспорни во Куманово се поранешно вработените во Житомел, Монопол,  Зик -сточарство и преработка, Кожара и Чик, појаснува Георгиевска.  Законот ќе важи до 31 декември оваа година. Граѓаните дотогаш може да поднесуваат барања и на тој начин за секој стечаен работник се предвидуваат 8.953 денари, за што од буџетот се предвидени околу 171 милион денари.

– Сакавме сега во дополната на законот да ги вметнеме и матичните броеви, меѓутоа нема одвоени пари од буџетот , така што ќе мораме да чекаме ребаланс на буџетот. Нема да ги оставиме и стечајните работници кои што работеле во фирми, а до крај останале во истите фирми  и им е сменет матичниот број и за нив ќе има уште една дополна, во средината на ноември или почетокот  на декември месец , изјави Георгиевска.

Збирно заклучно со 21 август –  6.498 стечајни работници во период од не цела година оствариле право на материјален надоместок. Сега бројката ќе се зголеми за нови 1.600.

Доколку биде усвоена и дополната со матични броеви, која што ја најавува  Георгиевска , тогаш околу 10.000 стечајни работници ќе бидат обешетени на ниво на државата.

Коментари

коментар(и)