Нови 18 случаи на ковид-19 во Куманово

18 нови случаи на ковид -19 во Куманово, 517 на ниво на државата регистрира министерството за здравство во последните 24 часа.

Од вкупниот број на позитивни (517), регистрирани се 72 реинфекции.

Регистрирани сe 1.022 оздравени пациенти од кои 45 се од Куманово.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица, а согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица.

Бројот на активни случаи во земјава изнесува 4.644.

Во Куманово активни се 190 случаи на ковид -19.

Коментари

коментар(и)