Нови 23 случаи на коронавирусот во државата, едно починато лице

23 нови случаи на КОВИД-19 регистрира министерството за здравство во изминатото деноноќие во земјава, меѓу нив нема граѓани на Куманово.

Од вкупниот број на позитивни (23), регистрирана е 1 реинфекција.

Регистрирани сe 190 оздравени пациенти од кои петмина кумановци.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 1 починато лице од:Охрид (80г), починато во болнички услови со коморбидитети.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата е речиси 308.000, а бројот на активни случаи изнесува 1.211.

Во Куманово активни се 27 случаи на ковид-19.

Коментари

коментар(и)