Ново спортско игралиште во Пчиња

Кумановското село Пчиња доби ново спортско игралиште. Поставена е ограда, асфалтната и тартан подлога, голови и кошеви

Во програмата за работа во следниот четиригодишен период, Општина Куманово има предвидено реализација на проекти од повеќе области, меѓукои и имплементација на спортски проекти кои даваат шанса на сите млади луѓе својата спортска кариера да ја градат во својот роден град. Да ги поттикнуваме нашите млади на здрави животни навики. Продолжуваме да градиме спортско-рекреативна инфраструктура на територија на целата општина со цел стимулирање на спортот и правилен развој на сите генерации, вели градоначалникот Максим Димитриевски.

Во изминатите три години изградени се 13 спортски терени, со што, сметаат надлежните од општина Куманово подобрени се условите за развој на спортот во општината.

Коментари

коментар(и)