НУЦК „Трајко Прокопиев“ го одбележа патрониот празник

Вечер со музиката на Трајко Прокопиев беше насловен синоќешниот концерт кој што се одржа во Центарот за култура, по повод патрониот празник, 35 години од постоењето на националната установа. Љубителите на уметноста имаа можност да уживаат во творештвото на Прокопиев и на останати светски автори. Пред кумановци настапија солистите од Македонската опера и балет, Гонца Богоромова и Кристијан Антовски, со пијано придружба на Андреј Наунов.

-Со гордост можеме да се пофалиме дека 35 годишнина од работата на националната установа Центар за култура Трајко Прокопиев достојно го носи името на великанот на македонската музика, и со тоа одбележуваме 107 години од раѓањето на Прокопиев и на тој на тој начин на нашите редовни посетители, сограѓани им го честитаме овој празник-истакна Сашо Костовски, директор на Центар за култура.

Костовски нагласи дека е задоволен од активностите кои што ги има оваа установа.

-Речиси секојдневно имаме некоја активност во Центарот за култура, Театар куманово и албанскиот театар, трите институции во рамките на самата установа работат интензивно на креирање на културна шема во градот, каде што секојдневно сме покриени со промоции на книги, изложби, концерти, трибини, театарски претстави, гостувања, фестивалот денови на комедија со што мислиме дека даваме значаен придонес-нагласи Костовски.

Тој посочи дека и во иднина ќе продолжат достојно да го одбележуваат патрониот празник.

 

 

Коментари

коментар(и)