Обнова на документите за додаток за трето и четрвто дете

Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Куманово започна со прием на барањата за годишна обнова – продолжување на стекнатите права на родителски додаток за трето и четврто дете, согласно Законот за заштита на децата.

Правото на родителски додаток за трето дете се однесува на сите корисници кои со ова право се стекнале заклучно со 23 март 2020 година.

Прием на документите за продолжување на правото на родителски додаток за трето и четврто дете ќе трае до 31 март годинава, а освен барањето бр 5. потребно е да се достават и лична карта на носителот на правото на увид, доказ дека не и е одземено родителското право на мајката над децата од претходниот ред на раѓање-издаден од надлежниот суд, доказ за вршење на задолжителните вакцинации на детето за кое се остварува правото и потврда дека детето за кое се остварува правото е запишано и редовно ја следи наставата во основно училиште, издадена од установата во која е запишано.

Корисниците на правото кои што живеат на територијата на Општина Куманово документите треба да ги достават на шалтерите во просториите на Детска заштита каде можат да го добијат и барањето.

Корисниците на правото кои што живеат на подрачјето на Општина Липково документите треба да ги достават во канцелариите на Службата во Општина Липково, додека корисниците на правото кои живеат на територија на Општина Старо Нагоричане документите треба да ги достават во канцеларијата на Центарот во Општина Старо Нагоричане, информираат надлежните од јавната установа.

 

Коментари

коментар(и)