Сите лица кои се занимаваат со трговија, угостителство, превоз, хотелиерство, сместување и ноќевање на лица и други кои се заинтересирани, во просториите на управата за јавни приходи, даночно одделение Куманово , имаат можност да се стекнат со знаења и практични примери за начинот на оданочување со ДДВ, регистрирање на готовински плаќања и пријавување и оданочување на приходите од издавање под закуп на движен и недвижен имот.
-Сите знаеме дека Македонија ќе биде организатор на еден од најголемите спортски настани во Европа па и пошироко, поточно ќе биде организатор на Супер купот на Европа кој оваа година ќе се одржи во Скопје на градскиот стадион на осми август. Во овој период се очекува Македонија да ја посетат повеќе од 30 илјади странски посетители и за таа цел УЈП во наредниот период поточно наредните два дена ќе одржи обука за даночни обврзници кои што се директно или индиректно инволвирани во овој настан. Ќе бидат повикани на обука даночни обврзници од секторот на угостители од секторот на хотелиери и превозници, изјави Дарко Пачков, УЈП, даночно одделение Куманово
На обуките ќе биде презентиран и законот кој што е наменет конкретно за претстојниот спортски настан.
-На овие обуки ќе бидат презентирани повеќе теми од областа на даноците поточно данокот за ДДВ, темата за приходи од имот и за фискализација. Исто така ќе биде презентиран и закон кој е наменет точно за овој настан , кој е донесен минатата година , законот на Супер куп Европа 2017 , обуките ќе траат на 18 и 19 ти јули , во 10 часот. Сите заинтересирани од овој сектор, угостители, хотелиери и превозници ќе можат да ги посетат обуките во просториите на УЈП во даночно одделение Куманово , но исто така ќе можат да се информираат и на веб порталот на УЈП , ујп.гов.мк изјави Дарко Пачков, УЈП, Даночно одделние Куманово
Еднодневната обука за правата и обврските на даночните обврзници според Законот за регистрирање на готовинските плаќања, Законот за данокот на додадена вредност и Законот за персонален данок на доход (приходи од имот и имотни права) , на ниво на државата ќе се спроведува до 21 јули .