Во првото пријавување во јунскиот уписен рок во Гимназијата „Гоце Делчев“ примени се 163 ученика, од нив 14 ученици се во паралелка на српски наставен јазик.
Голем интерес годинава има за профилите во средното училиште „Перо Наков“ . Во првото пријавување од јунскиот уписен рок, примени се 149 ученици, информира директорката Мила Жибак – Димковска.
Во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ примени се вкупно 119 ученици. Според ранг-листата на примени ученици во I (прва) година во учебната 2026/2027 година, најголем интерес во првото пријавување има за профилот медицинска сестра – 29 и за профилот електротехничар за компјутерска техника и автоматика – 23 ученици. Сите ученици кои ќе бидат запишани во I година 2026/2027 година и ќе користат бесплатен превоз потребно е да поднесат изјава и барање во стручна служба во училиштето најдоцна до 26.06.2026 година објави училиштето.
Во ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ досега примени се 126 ученици со настава на македонски јазик, 85 на албансkи наставен јазик, информира директорката Сузана Максимовска.