Ограбена обложувалница во Куманово

Двајца крадци ѝ побегнале на полицијата откако во недела ограбиле обложувалница во Куманово, на ул. „3-та МУБ“ околу 20:50 часот. Во СВР било пријавено дека две лица со закана кон вработената одзеле пари од дневниот промет. Се превземаат мерки за расчистување на овој случај.