
Ситуацијата со вирусот Корона може да послужи и во добри цели, особено кога учениците ја следат наставата од дома. Па така, се прави простор да се реновира непречено и во ентериерот и екстериерно.

Барем во ДСУ Регионалниот центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“, каде што се поставени ролетни на целото училиште, се подготвува покривање на патеката што води до спортската сала, а набавени се и 25 нови Компјутери и 50 нови клупи, се пофали на фб страницата градоначалникот Максим Димитриевски.
