Ограбена спортска обложувалница, вработениот повреден

Ограбена спортска обложувалница во Куманово, вработениот нападнат и повреден.

Според СВР Куманово, синоќа во 21.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 21.10 часот во спортска обложувалница на улица „Народна Револуција“ , две лица со остар предмет го нападнале вработениот 36-годишен кумановец и одзеле пари, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Вработениот се здобил со повреди и бил пренесен во Општа болница Куманово за укажување лекарска помош.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)