Ограбена црквата во село Пчиња, информира кумановската полиција. Вчера, околу 17 часот во СВР Куманово било пријавено дека со употреба на сила било влезено во црква во село Пчиња, кумановско и биле одземени пари. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.