Триесет и шестгодишна кумановка е приведена под сомнение дека деновиве ограбила сограѓанин во аптека.
Кражбата се случила во аптека на улицата „11 Октомври“, кога осомничената од 38-годишен кумановец одзела мобилен телефони платежна картичка.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
