Обезбеден буџет за реконструкција на малиот градски плоштад

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека во буџетот за 2023 година се планирани 1.7 милиони денари буџет за реконструкција на Соколана, 19.7 милиони денари буџет за реконструкција на Спротската сала и 40 милиони денари буџет за реконструкција на малиот градски плоштад во Куманово.

Тој истакна дека сега откако е реконструирано главното спортско игралиште во комплексот Соколана се планира реконструкција на останатите спортски игралишта во комплексот, како и реконструкција на матичниот објект Соколана.

„Реконструиран е кровот на Спортската сала. Се работи на реконструкција на трибините, а ќе следува и реконструкција на паркетот во спортската сала и боксерската сала. Во следните фази се планира реконструкција на соблекувалните, санитарните јазли, партерно уредување на комплексот, нов семафор како и други интервенции за обнова на објектот“, рече Димитриевски.

Тој потенцираше дека малиот градски плоштад ќе блесне во полн сјај задржувајќи го автентичниот изглед со сите значајни спомен обележја на наше Куманово.

Коментари

коментар(и)