39- годишен кумановец вчеравечер пријавил во полицијата дека во негов угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“, во точно неутврден период во изминатите два месеца било влезено со употреба на сила и биле одземени поголем број маси и столови, соопшти Секторот за внатрешни работи Куманово.
Според полицијата, екипа од СВР Куманово извршила увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.