Одбележан Денот на АРМ во „Боро Менков“

Со воена свеченост во кумановската касарна Боро Менков денеска беше одбележан 25 годишниот јубилеј од формирањето на Армијата на Република Македонија. Во својот пригоден говор, командантот на Здружената оперативна команда , бригадниот генерал Зоран Милески, рече дека денешната свеченост ја доживуваат како охрабрување дека заедно се посилни и поодлучни во изградбата на армијата, нејзината борбена готовност и во одбраната на татковината.

-Бевме рамо до рамо со нашите граѓани во добро и зло како што впрочем тоа го чиниме и денес во овие топли денови  под македонското небо во справување со пожарите, во справување со поплавите, чувањето на нашата граница асистирајќи и на полицијата, но и рамо до рамо со нашите сојузници во Авганистанм Либан, Босна и Херцеговина. АРМ , а во тој контекст и ЗОК и сите вие овде во овој строј, денеска сте респектабилен чинител и фактор во општеството. Градејќи го мирот секогаш ќе бидеме подготвени да го одбраниме суверенитетот и територијалниот интегритет на РМ,изјави Зоран Милески, командант на ЗОК

Команданот на ЗОК, Милески  од припадниците на АРМ  во наредниот период очекува единство и почитување на принципите на одбрана  и зачувување на територијалниот суверенитет и интегритет на РМ.

-АРМ ќе го продолжи своето чекорење кон интеграцијата во НАТО алијансата. Сите овие години направивме значајни чекори  кон изодувањето на тој пат. Ќе ја интензивираме обукаа на единиците, особено на декларираните единици, претстојните вежби „ Здружена реакција -17 “ и „ Македонски блесок -17 “ ќе бидат само уште една потврда за тоа. Ќе продолжиме со учество во мировните операции во странство , како и подготвка на на капацитети за посамостојна логистичка подршка на составите упатени во мировни операции. Ќе веруваме на нашите сили и ресурси , но стабилноста на нашата држава ќе ја градиме со нашите партнери и сојузници. На тој заеднички пат со нив АРМ ка игра најважната улога, изјави Милески.

На денешната свеченост се говореше и за историјатот за формирањето на армијата. На 18 август 1943 година на Славеј Планина, во областа Дебарца, бил  формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација  на НОВ на  Македонија. Денот на формирањето на баталјонот се смета за роденден на АРМ.

На денот на АРМ беа прочитани стимулативните мерки и наредби за унапредувања на старешини, врачени одлукувања, награди и пофалби.

На прославата присуствуваа претставници на државната управа, јавните установи и служби, претсавници на локалната самоуправа, правни лица и граѓани со кои Армијата на РМ соработува.

Коментари

коментар(и)