Одбележан роденденот на Драган Богдановски

Почитувачите на ликот и делото на Драган Богдановски, вчера го посетија неговото вечно почивалиште во чест на неговиот роденден и положија цвеќе.

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ,Драган Петковски, рече дека Богдановски е еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ , а се собрале да одбележат 87 години од раѓањето на еден од основачите на партијата ВМРО ДПМНЕ,  идеологот  Драган Богдановски,кој почина пред 18 години и е погребан на градските гробишта во Куманово.

„Се собравме сите почитувачи на неговото дело,да му оддадеме почит и да му се заблагодариме за се она што го направи, за денеска да ја имаме оваа Македонија каква што ја имаме“-рече Драган Петковски, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ

Пригоден говор за делото на Драган Богдановски одржа поранешниот пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Јордан Пачков.

Во биографијата на Драган Богдановски, меѓу останатото може да се прочита дека е роден во 1929 година во с.Клечовце и  дека потекнува од позната селско-земјоделска фамилија со патриотски корени . Што се однесува до неговиот партиски ангажман, на првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ одржан во Прилеп на 6 и 7 април  1991г., Драган Богдановски е избран за почесен претседател на партијата, а од 1991 до 1993г. е претседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Европа.
Богдановски умира на 31.05.1998г. во воз , на пат од Шведска во Германија. Погребан е на 01.08.1998г. на градските гробишта .

Коментари

коментар(и)