Одбележан Светскиот ден за борба против хепатитис

Од 10 до 12 новозаболени  случаи од  хепатитис се регистрираат во Куманово речиси секоја година. Заразната жолтица особено од типот А најчесто се појавува во кумановските села, посочија од невладината организација ХЕПТА  на денешната трибина одржана во соработка со Црвениот крст по повод Светскиот ден за борба против хепатитис, прогласен од Светската здравствена организација во 2010 –та година. Мотото под кое се спроведува кампањата годинава е „Елиминација на заразната жолтица до 2030-та  година“ . Надлежните порачуваат дека секој треба да се тестира доколку постои и најмало сомнение за вирусното заболување.

-И двата типа на вирусот  Б и Ц  не оставаат имунитет,  потребно е значи можни се и повторни реинфекции,  го оштетуваат црниот дроб што доведува до неповратна цироза и до хепатоцелуларен карцином и карцином на црниот дроб,  а единствена терапија за цирозата и за карциномот е всушност трансплантација на црниот дроб , изјави проф.д-р Розалинда Исјановска, НВО „Хепта“

Трансплантација на црниот дроб во Македонија не се прави, туку само во одредени држави и тоа  доколку се најде соодветен дарител, вели Исјановска, но затоа пак кај нас постои терапија која е на позитвна листа и доколку се навремено се лекува пациентот се постигаат добри резултати. Според испитувањата на инфективната клиника во Скопје од 69 до 80 проценти од терапиите на пациентите завршиле успешно , велат од ХЕПТА. Инаку, од 2004 –та година во Македонија задолжителна е вакцинацијата за жолтица Б за сите новороденчиња, која се пренесува преку сите секрети на човековото  тело ,а вирусот Ц се пренесува исклучиво преку крвта.

Во светски рамки едно во 12 лица од популацијата е хронично инфицирано  со хепатитис Б или Ц.

Коментари

коментар(и)