Од дневниот билтен на Секторот за внатрешни работи Куманово ги издвојуваме настаните:
Полициски службеници вчера лишиле од слобода 65-годишен кумановец, соопшти полицијата. Според СВР Куманово при контрола во сообраќајот на ул.„Трета македонска ударна бригада“, полициски службеници сопреле патничко возило „опел“ и по извршени проверки било констатирано дека возачот го управувал возилото со впишана активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија до 01.07.2027 година. По добиени насоки на јавен обвинител, возилото и возачките документи се одземени. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Полициски службеници од СВР Куманово вчеравечер во 21 часот лишиле од слобода 25-годишен жител на село Малотино, општина Старо Нагоричане. Тој се сомничи дека во Челопек физички нападнал 86-годишна жена од истото село. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.