Министерството за внатрешни работи соопшти дека на патниот правец Куманово – село Липково, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи лишиле од слобода 31-годишен кумановец.
Според МВР, при извршена сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било утврдено дека возилото го управувал возач без положен возачки испит за Б категорија. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото одземено“, информираат надлежните.