Одлични резултати за ТК „ТУМБА” на отвореното првенство до 11 години

Одлични резултати за Тенискиот клуб „ТУМБА” на крајот на Отвореното тениско првенство за момчиња и девојчиња до 11 години.

Алексеј Стојановски заврши како прв, додека Ива Стефановска е второпласирана во својата возрасна категорија. Алексеј Стојановски во финалето со 2-0 во сетови го совлада Стефан Дебрешлиоски од Скопје со што го круниса на крајот одличниот настап на овој турнир каде на сите мечеви од почетокот до крај забележа максимален број на победи. Ива Стефановска имаше одличен настап на турнирот ,но на крајот беше поразена со 2-0 во финалниот меч од Деа Крстевска исто така од Скопје.

На Отвореното тениско првенство за јуниори и јуниорки настапија вкупно 26 момчиња и 16 девојчиња од сите градови на Македонија и беше во организација на ТК “ТУМБА “од Куманово заедно во комбинација со тениската федерација. Оваа е прв турнир од предвидените три кои се планирани да се одржат во Куманово на тениските терени кај Спортската Сала во нашиот град.

Веќе следниот викенд ќе се одржи Отвореното тениско првенство за момчиња и девојчиња до 12 години на кој повторно како организатор ќе се појави нашиот град и ТК “ТУМБА”

 

Коментари

коментар(и)