Одложено рочиштето за случајот Алмир

Поради оправдано отсуство на адвокатот на одбраната на тројцата обвинети за насилство, денеска во кумановскиот суд е одложено рочиштето против обвинетиот Бобан Илиќ кого обвинителството го товари дека, лани го убил четиригодишниот Алмир Алиу, соопштија адвокатите на инволвираните во случајот. Наредното рочиште, информираа адвокатите е закажано за 29 ноември, годинава.Тогаш ќе бидат изнесени завршните зборови во случајот против обвинетиот Бобан Илиќ, обвинет дека  на 25 јуни минатата година го убил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом. Осомничениот се товари дека го прегазил четиригодишниот Алмир на улицата „Борис Кидрич“. За истиот настан против три други лица, инаку, таткото на детето Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“.

На последното рочиште што се одржа на први ноември, беше  разгледана видео снимката направена на барање на обвинителството за интензитетот и фрекфенцијата на сообраќајот во тој дел од градот за време на празникот Рамазан.

Коментари

коментар(и)