Во Скопје денеска е одржана седница на Комитетот за управување со Националниот едношалтерски систем.
„Остануваме посветени на имплементација на новиот Национален едношалтерски систем преку кој ќе се одвиваат сите процеси за увоз, извоз и транзит, овозможувајќи им на компаниите пократки, поедноставни и побрзи постапки за завршување на прекуграничните трговски процеси. Целокупната постапка – од доставување и обработка на податоците, преку одговорите од различни надлежни институции и банките за извршените плаќања, до издавањето на сите потребни дозволи и лиценци за увоз и извоз – ќе се одвива електронски, на едно место. Интегриран сет на податоци. Станува збор за сеопфатна реформа на која очекувам максимална посветеност на сите 15 институции вклучени во овие процеси“, објави директорот на Царинската управа Бобан Николовски.
.