Од полноќ ќе се точат поскапи горива

Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги информираат дека се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 % во однос на Одлуката од 27-ми декември.

-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,850 денар/килограм и сега ќе изнесува 40,210 ден/кг.

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,210 (денари/килограм)

Коментари

коментар(и)