Од среда во сите трговски објекти пластичните биоразградливи ќеси ќе се наплаќаат по 15 денари. Ова го предвидува Законот за управување со пакување и отпад од пакување. Досега, цената на ќесите зависно од трговските објекти чинеше од 1 до 10 денари.
Со оваа одлука, како што информираа од Министерството за екологија, се прави обид да се намали употребата на пластични ќеси, а граѓаните да се префрлат на ќеси кои ќе бидат за повеќе употреби изработени од еколошки материјали.
Истовремено од среда се воведува и забрана за еднократна употреба на пластично пакување во заштитените подрачја.
Надоместокот од 15 денари за биоразградливи ќеси ќе мора да биде евидентиран и пренесен во посебен фонд на Министерството за животната средина и просторно планирање.
