Општина Куманово ги известува граѓаните дека од утре, (16.10.) па до крајот на следната недела, изведувачот ќе започне со подготовка за асфалтирање на ул.„Моша Пијаде“, на потег од крстосницата со кружен тек на ул.„3-та МУБ“ и ул.„Октомвриска Револуција“, до ул.„Пиринска Македонија“.
„Заради безбедно и непречено извршување на градежните работи, се замолуваат граѓаните да не ги паркираат своите возила, на посочените места, кадешто активно се изведуваат градежните активност“, посочуваат од Општината.
Инаку, станува збор за реализaција на проектот – Изградба на атмосферска канализација и реконструкција на ул.„Моша Пијаде“. Градежните активности и реконструкцијата на подземните мрежи започнаа во текот на 2025 година. Проектот продолжи и годинава со нови фази од инфраструктурните зафати.