Од утре нови намалувања на рестрикциите

Од 13-ти мај полицискиот час ќе почнува на полноќ и ќе трае до 4 часот, одлучи Владата.

Министерот за здравство Венко Филипче  денеска на Фејсбук објави дека оваа одлука стапува на сила од 12 мај, но претходно беше најавено дека за верскиот празник Рамазан Бајрам на 12-ти  спрема 13 мај, исто како за Велигден од 1 за 2 мај, нема да има полициски час.

Угостителските објекти ќе може да работат до 23:30 часот.

Од 12 мај 2021 година, сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, почнувајќи од утре, 12 мај, објави Филипче.

Коментари

коментар(и)