Околу 1100 ученици од кумановските основни и средни училишта се опфатени со Програмата за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во затворениот базен за 2026 година. Организатор на активностите е Секторот за образование при Општина Куманово, a реализатор ЈП „Куманово паркинг“ кое стопанисува со градскиот базен во соработка со Општинскиот сојуз на училишен спорт.
За оваа програма за 2026 година освоени се 10 800 000 денари од општинскиот буџет, а во активностите вклучени се 40 наставници.