Оливера Наковска Бикова, предводена од нејзиниот тренер, кумановецот Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиноски, го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион во дисциплината П4-Пиштол слободен избор.
Во квалификациите Оливера испука одличен резултат од 538 (најдобар во нејзината кариера) со што го освои второто место и си обезбеди пласман во финале, иако почетокот на мечот не го наговестуваше тоа. По неколку правовремени совети од тренерот, а пред се заради нејзината подготвеност и одлучност да се фати во борба со останатите за што подобар пласман и личен перформанс, Оливера во продолжение на натпреварот значително ги подобри своите перформанси и со изедначениот личен рекорд во оваа дисциплина, сигурно зачекори во финалето.
Во самото финале, Оливера по првите пет истрели се најде на второто место на табелата, а веќе по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција,, иако финалето беше драматично и мошне квалитетно.