ВИДЕО: Диаверум со акција за Светскиот ден против дијабет

Центарот за дијализа Диаверум Куманово по повод 14-ти Ноември, Светскиот ден против дијабет организираше акција за мерење на шеќер и притисок за жителите во населбата „Гоце Делчев“.

Здравствените лица од Диаверум апелираа до кумановци навремено и редовно да вршат анализи, со цел рана превенција и намалување на можноста за оваа болест. По извршената анализа на граѓаните им биле дадени понатамошни совети.

Во акцијата учествуваа и ученици од медицинската струка од техничкото училиште „Наце Буѓони“.

Коментари

коментар(и)