ООУ „Бајрам Шабани“ приклучено на гас

И основното училиште „Бајрам Шабани“ се приклучи на гасификационата мрежа во Куманово. Од оваа грејна сезона, училниците ќе се затоплуваат на гас. Надлежните сметаат дека со греењето на гас ќе се подобрат условите за квалитетно одвивање на наставата.

– Со воведувањето на гасот училиштето ќе заштеди средства за греење кои претходно ги издвојувало за нафта, а со тоа ќе се подобри и успешното работење и на учениците и на вработените, изјави Мустафа Ебиби, директор на ООУ „Бајрам Шабани“

На свеченото пуштање во употреба на приклучокот  денеска присуствуваше градоначалникот Максим Димитриевски кој посочи дека приклучувањето на институциите на гасоводната мрежа придонесува за намалување на аерозагадувањето кое во зимскиот период е на високо ниво.

– Гасификацијата на ова училиште е спроведена со заедничка соработка на надлежното претпријатие и училиштето. Општината го поддржа овој проект. Ова е 11 –ти објект во Куманово од големите потрошувачи кои се гасифицирани -изјави  Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

– За проектот инвестирани се 8.000 евра, а покрај економскиот бенефит  со гасифицирањето се инвестира и во заштита на животната средина.

изјави Никола Денковски, директор на ЈП „Куманово гас“

Во основното училиште „Бајрам Шабани “ учат 1.128 ученици од прво до деветто одделение сместени во 53 училници.

Исто така денеска нова спортска сала добија 370 -те ученици од средно училиште „Перо Наков“ кои што следат настава на албански наставен јазик. Министерството за образование инвестираше 23, 5 милиони денари за изградба на салата која е со вкупна површина од 650 метри квадратни и опремена со модерни реквизити за квалитетно одвивање на наставата по физичко образование. Салата располага со повеќе реквизити за кошарка, фудбал, справи за гимнастика, за ракомет, одбојка.

На свеченото пуштање на спортската сала во Куманово присуствуваа министерот за образование и наука Арбр Адеми, вицепремиерите Бујар Османи и Оливер Спасовски , министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку и градоначалниците на Куманово и Липково, Максим Димитриевски и Еркан Арифи.

 

Коментари

коментар(и)