Три екипи на ТППЕ Старо Нагоричане вчеравечер од 21 до 24 часот гаснеле пожар во селото Облавце. Според билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи станува збор за подметнат пожар, а биле опожарени сува трева и нискостеблеста шума на површина од околу триесет хектари. Претходно пожарникарите гаснеле пожар и во селото Ругинце, информираат надлежните.