Екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирала во липковскииот регион, на потегот Слупчане – Ваксинце, каде што била опожарена сува трева на површина од околу пет хектари, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Нивните колеги, пак, од општина Старо Нагоричане вчера немале интервенции, соопштуваат надлежните.