Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие регистрирала две интервенции.
Во првиот случај, пожарникарите интервенирале на опожарен контејнер во близина на основното училиште „11-ти Октомври“ , а втората интервенција била во населба Карпош, каде што екипа на противпожарната единица била повикана заради опожарен оџак, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи.