Опожарено моторно возило во село Тромеѓа

Регионалниот центар за управување со кризи информира дека синоќа околу 23 часот било екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирала на опожарено моторно возило.

Според СВР Куманово синоќа било пријавено дека во дворно место во с. Тромеѓа, кумановско, настанал пожар во патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 40-годишен жител на Скопје, кој претходно пристигнал во дворот со возилото. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Извршен е увид на местото на настанот, соопштија надлежните.

Коментари

коментар(и)