Опожарен камион на ЈП „Чистота и зеленило“

„Денес, рано наутро, при изнесување на комунален отпад кај извесен правен субјект настана пожар на камион на ЈП Чистота и зеленило“, објави на социјалните мрежи директорот Ненад Стојановски.

Навремената реакција на управувачот на камионот и експресната реакција на ТППЕ Куманово, кои секогаш на највисоко можно ниво реагираат спречија комплетно опожарување  на нашето возило, потенцира Стојановски.  Тој информираше дека до пожарот дошло поради несоодветно одложен отпад кој се запалил во задниот дел на возилото. Увид извршила и екипа на Секторот за внатрешни работи Куманово. Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните и правните субјектите да се одлага соодветен отпад и укажуваат дека е неопходна едукација и контрола при управувањето со отпадот.