Автомобил викендов бил опожарен во населбата Перо Чичо
Според Министерството за внатрешни работи на 17 декември во 01.33 часот било пријавено дека на улицата „Анѓа Ранковиќ“ настанал пожар во патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.
Увид бил извршен од страна на СВР Куманово.