Кровната конструкција на старите објекти во поранешната касарна во Бедиње била опожарена во текот на вчерашниот ден, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според билтенот на РЦУК, пожарот избувнал по 09 часот изутрината, а веќе во 09 часот и 20 минути на терен биле пожарникари со три противпожарни возила. Огнот бил изгаснат во 11 часот и 34 минути, но засега не се познати причините поради кои избувнал пожарот.
Кумановските пожарникари вчера имале уште три интервенци, во селата Табановце и Косматац горела сува трева, а во атарот на селото Доброшане се запалил оџак.