Општината поддржува активности од социјална и детска заштита
Општина Куманово денеска објави jавен повик за финансиска поддршка за организирање на превентивни мерки и активности во областа на социјалната и детската заштита преку спроведување на кампањи, трибини, изготвување на стратегии, фокус групи и промотивен материјал.
За распишување на повикот обезбедени се финансиски средства од буџетот на општината согласно Програмата за развој на социјалната заштита на oпштината за 2025 година.
Како подносители на предлог-проекти за остварување на правото на финансиска поддршка за организирање на превентивни мерки и активности во областа на социјалната и детската заштита, може да се јават здруженија и други правни лица кои исполнуваат одредени критериуми, објавени на официјалната веб страна на општина Куманово.