Општина Куманово ги известува граѓаните дека согласно Одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово, донесена на седница на Совет на Општина Куманово на 27 декември 2022 година, сите граѓани ќе можат бесплатно да користат општински линиски превоз од 01.01.2023 година заклучно со 30.06.2023 година, на сите линии согласно утврдените возни редови.