Општина Куманово денес е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКО (Група држави против корупција) при Советот на Европа. Посетата на тимот кој ќе престојува од втори до шести ноември во државата, се реализира во рамки на шестиот евалуациски круг на ГРЕКО, кој е посветен на спречување на корупција и промовирање на интегритетот на локално ниво. Во рамките на посетата на општината, експертскиот тим оствари средби со Градоначалникот, секретарот, претседателот на Совет, советници и дел од раководители во општината, дел од директори на јавни претпријатија и дел од членови на управни и надзорни одбори на јавните претпријатија, со цел оценување на постојните антикорупциски механизами, идентификување на предизвиците и утврдување на можностите за нивно унапредување,како и добрите практики во работењето.