Општина Куманово со соопштение за јавниот линиски и училишниот превоз

Согласно Закон за превоз Општина Куманово е должна да организира општински линиски превоз.
Според Одлуката за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово се регулирани 26 линии.

Од страна на Општина Куманово е спроведена постапка по јавен оглас за општински линиски превоз на патници за избор на превозници.

Досега се избрани превозници за вкупно 15 линии:

бр.1.ПРОЕВЦЕ – БЕДИЊЕ
бр.2.ГОРНО КОЈНАРЕ – ДОЛНО КОЈНАРЕ – КУМАНОВО
бр.6.с.РЕЖАНОВЦЕ – КУМАНОВО
бр.7.КУМАНОВО – БЕДИЊЕ – с.ЛОПАТЕ
бр.9.ЧЕРКЕЗИ – КУМАНОВО
бр.10.с.БИЉАНОВЦЕ – БЕДИЊЕ
бр.11.с.УМИН ДОЛ – с.НОВО СЕЛО – с.ЉУБОДРАГ – КУМАНОВО
бр.13.КУМАНОВО – с.РЕЧИЦА
бр.14.АВТОБУСКА СТАНИЦА – с.ОРАШАЦ
бр.17.КУМАНОВО – ТАБАНОВЦЕ (СЛАНИШТЕ)
бр.18.КУМАНОВО – с.СКАЧКОВЦЕ
бр.19.КУМАНОВО – с.ПЧИЊА – с.СТУДЕНА БАРА
бр.21.КУМАНОВО – ГРАДИШТЕ – с.ПЕЗОВО – с.КШАЊЕ – с.КОКОШИЊЕ
бр.23.КУМАНОВО – с.КУЧКАРЕВО – с.ГАБРЕШ,
бр.24.КУМАНОВО – КОСТУРНИК.

Останатите линии ќе бидат изберени во наредниот период, по целосно завршување на постапката.

Согласно Закон за основното образование и Закон за средното образование на учениците потребно е да им се обезбеди бесплатен превоз до и од училиште.
Избраните линии ќе ги користат учениците, а за линиите кои се во постапка ќе се регулира посебен линиски превоз со што ќе се обезбеди бесплатен превоз за сите ученици.

Коментари

коментар(и)