Едукативни предавања на различни теми во основните и средните училишта во Куманово се само дел од активностите на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво. Програмата за 2026 година на последната седница на Советот ја презентираше претседателката на Општинскиот совет за превенција и началничка на Отсекот за превенција во СВР Куманово, Лиле Младеновска.