Од 2 до 4 октомври, годинава Куманово ќе биде домаќин на два меѓународни саеми, деветтото издание на саемот на органски и традиционални производи „Органска трпеза 2026“ и петтото издание на саемот за земјоделство, технологии, храна и преработки „Агромак 2026“.
Организатори на саемите се Здружение „ЖИВОТ“ Куманово и Комора на органски производители на Македонија – КОП. Саемските манифестации ќе се одржат во спортско-рекреативниот комплекс Куманово, простор пред градскиот базен.
Целта на саемските манифестации е промоција на производи и услуги, воспоставување деловни контакти, размена на искуства и знаења и отворање можности за нови партнерства и соработка во земјоделството, производството на храна, преработувачката индустрија и сродните области. Рокот за пријавување е до 20 септември 2026 година.