Османи: До средината на јануари ќе се пополнат испразнетите амбасадорски места

Министерот за надворешни работи Бујар Османи очекува до средината на јануари да бидат пополнети сите испразнети амбасадорски места. Решенијата за овие амбасадорски места се надева дека ќе бидат готови веднаш по формирањето на новата влада.

Напомена дека ќе бидат пополнети не само амбасадорското место во Софија, туку и сите останати.

Најави дека деновиве треба да бидат пополнети амбасадорските места во Индија, Италија, Русија и Австрија.

Коментари

коментар(и)