На денешното судско рочиште, осомничениот сериски убиец од Општина Старо Нагоричане признал дека извршил три убиства, од вкупно четири колку што му се ставаат на товар.
– Мислам дека самиот не знаеше кое конкретно кривично дело го негира, а на сите вкрстени прашања фактички одговори потврдно. Анализа на ваквата одбрана ќе дадам во завршните зборови, со оглед дека тој кривичните дела ги призна кај јавен обвинител и за сите други кривични дела постојат други материјални докази со кои се поткрепува обвинението. Начинот на одбрана е негово право, изјави обвинителот Љубомир Лапе по завршување на денешното рочиште.
Според обвинението, тој се товари за четири кривични дела – едно кривично дело убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и за два обида за убиство од истиот квалификуван облик.
Судскиот процес продолжува на шести октомври годинава.