Отворена групна изложба на пензионерите

Љубителите на уметноста имаа можност синоќа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ да го проследат отворањето на четвртата по ред групна изложба на аматери сликари при Здружението на пензионери Куманово. Пред кумановци беа изложени 23 дела на авторите Будимир Стојковски, Перо Додевски, Драган Глигоровски, Борис Арсовски, Исен Реџаи, Милорад Младеновски и Зоран Стојмановски.

-На нашите пензионери здружението им дава можности покрај тоа што ќе се пријавуваат во фолклорот пејачката група, поети љубители на пишаниот збор исто така има и такви кои преку четка и боја ги изразуваат своите емоции кои остануваат трајно да им пружиме и на нив можност да можат на ваков начин да се изразат. Задоволни сме од година в година одзивот е се поголем и бројот на слики е задоволителен-истакна Славица Ламбаша.

Роберт Цветковски од Центарот за култура нагласи дека оваа изложба на некој начин претставува замена за традиционалната ликовна манифестација Самоуки.

-Се работи за една изложба која веќе стана традиција тоа е изложба на која се презентираат оние пензионери кои се занимаваат со ликовната уметност. Дел од нив може да кажам дека се солидни автори кои имаат оставено зад себе многу изложби и имаат остварено многу признанија дел од нив се автори кои штотуку почнуваат да навлегуваат во тајните на ликовната уметност. Така што јас очекувам дека публиката топло ќе ги прими овие дела-посочи тој.

Уметниците нагласија дека им претставува задоволство што граѓаните можат да видат што сработиле. Манифестацијата ја збогати настапот на хорот и оркестарот на културно уметничкото друштво Ѓоко Симоновски при Здружението на пензионери.

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)