Отворена изложбата „Коса“

30-тина експонати работени во различни техники, цртежи работени со туш, дигитални фотографии, акрилик и масло на платно,објекти на стакло и дрво вчеравечер беа изложени во центарот за култура Трајко Прокопиев. Делата се од авторката Биљана Кајевиќ, а изложбата е насловена„ Коса“.

-Таа е една од ретките концептуални уметници.Вечерва имаме невообичаена мошне креативна поставка каде што темата е косата. Авторката се обидува да комуницира со гледачот, презентирајќи филозофски замисли и се труди  на инспиративен,визуелен  начин да не поврзе со нејзиното творештво“-изјави,Роберт Цветковски,историчар на уметност .

Кајевиќ  посочува  дека темата потекнува од концептот со кој пред две години се презентирала во Њујорк, на тема „Вештерка“.

-Сега оваа тема е стеснета на еден женски аспкет на косата,како истражување на естетска,историска,мистична функција на косата и жената низ историјата и денеска,како се обележувале, на некој начин санкционирале,и не само поради тематиката, туку  и поради ликовно изразување,бидејќи доста работам цртеж и структурата и линијата на косата се доста податни за цртање“-изјави Биљана Кајевиќ, авторка на изложбата

Таа  дипломира на Факултетот за Ликовни Уметности во Скопје, во класата на професор Рубенс Корубин. Кајевиќ реализира 14 самостојни изложби , а учествувала и на повеќе групни изложби во земјава и странство. Ова е нејзина трета самостојна изложба пред кумановската публика.

Коментари

коментар(и)