Отворена изложбата на планинска фотографија од Бобан Стефановски

Вчеравечер во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово беше отворена изложба на планинска фотографија на Бобан Стефановски – „Планината го има последниот збор“.

Тоа е прва изложба на уметничка планинска фотографија во Куманово. Беа изложени преку 40 фотографии кои Бобан ги има направено во Македонија и низ светот.

Бобан ги има искачено највисоките врвови кај нас во Македонија, и врвовите Дамаванд во Иран, Арарат во Турција, Монблан на Алпите и многу други. Тој е планинар и планинарски водич, кој преку неговите фотографии ни прикажува фрагменти од животот на планината. Секојдневно е во потрага по нови и возбудливи моменти и негов следен подвиг е врвот Килиманџаро во Африка.

Фотографијата, како што вели Бобан ги претставува неговите лични успеси и порази и битките што тој ги води кога ја поминува планината без разлика дали се надворешни или внатрешни.

Коментари

коментар(и)