Вo Лапидариумот на НУ Музеј Куманово вчера беше отворена изложба на дела од интернационалната ликовна колонија „Куманово 2024“. Прикажана беше целокупната продукција – слики, изработени од ликовни автори од повеќе држави.
На отворањето на изложбата пред присутните се обратија директорката на НУ Музеј, Марија Живачки и Драгана Спасковска, кустос советник историчар на уметност.
Продукцијата е поставена во салонот на галеријата во Куманово, а граѓаните можат да ја посетат изложбата до 20 октомври годинава.
Проектот е дел од Годишната програма на Музејот на Куманово, реализиран со поддршка на Министерството за култура и туризам на Македонија.